Месо и вино: Хармонична комбинација за целосно гастрономско уживање

Instagram
Фото: Instagram

Кога на софрата имате ќофтенца со помфрит, лесно е, бидејќи со нив се знае дека најдобар пијалак е ладно пиво. Но, што се однесува до други јадења работите се малку поинакви.

Најважно е да запомните дека добриот избор на вино ќе го нагласи вкусот и аромата на главното јадење, додека лошиот избор може да направи да се откажете од јадењето и пиењето. Основно правило е – вино со лесна структура и полн вкус се добри за лесна храна, а средните и тешки вина повеќе одговараат за тешка храна.

Со паткино месо

Паткиното месо има многу поинтензивен и полн вкус во споредба со пилешкото и поради тоа виното за ова месо треба да биде релативно јако, со добро изразена нота на танини и со полн вкус. Едно од вината кои најдобро одговараат со паткино месо е шираз.

Полнета патка ќе биде вистински празник за сетилата, ако можете да ја пробате во оваа ароматична комбинација. Нема да згрешите ако ја послужите патката со добро отстоена кадарка или дури и кјатни. Каберне совињон и мерло, како и белите вина, не се соодветни за со паткино месо, бидејќи имаат лесен вкус.

Со телешко месо

Невозможно е во неколку реченици да се напише како да се комбинира ова месо со вино, но накратко постојат насоки кои можат да ви го олеснат изборот. Црното или како што се нарекува правилно, црвено вино, се пие со црвено месо, а бело вино со риба.

Па така и телешкото месо добро оди со црвено вино. Овде изборот е богат, но, најдобро е ако изберете црвено вино со богат полн вкус и многу танини. Улогата на танините е да ви го исчистат јазикот од мрснотијата од месото. Така ќе можете да уживате во секој залак на меките телешки шницли. Препорачливо е со телешко месо да послужите каберне совињон, бордо, сира, шираз или зинфандел, како и мерло.

Добро е да знаете дека виното мерло е добро, ако телешкото е подготвено на скара или во рерна, но, ако сте се решиле да послужите динстано јунешко или во сос, најдобро е да го прескокнете ова и да пробате комбинација со некое од другите споменати црвени вина.

 Со јагнешко месо

По традиција кај нас јагнешкото се јаде напролет или на почеток од летото. Независно од тоа каков прилог за јагнешко сте избрале, треба да обрнете внимание на виното кое ќе го послужите со него. При избор на соодветно вино за јагнешко месо треба да знаете какво точно месо готвите – младо или старо, и каква техника на готвење ќе користите. Стручните лица за комбинирање храна и пијалоци, категорични се дека младото јагнешко треба да се послужи со вино кое е старо неколку години, како што се бордо или бургундец.

Полниот вкус на виното ќе ја изрази нежната арома на мекото јагнешко месо од јагне кое се хранело само со млеко.

Ако сте се решиле да приготвите малку постаро јагне, или јагнешки ребра, котлети или бут во комбинација со разни интензивни зачини, тогаш освен бродо и бургундец, кои ги препорачавме, можете да пробате и пино ноар. Похрабрите можат да пробаат и комбинација со суво розе. Класичното јагнешко печено со лук и рузмарин најдобро се комбинира со лесни и овошни вина, а препорачуваме каберне, мерло или младо бродо.

За јагнешко месо на скара, како на пример ќофтенца, добро е виното да биде ускладено со маринадата во која стоело месото. Овде изборот е поголем и дозволува комбинирање на јагнешкото месо со вина кои имаат посладок вкус и киселкаста арома, како каберне, сира и пинотаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот