Меси: Во Катар ќе биде моето последно Светско првенство

Лионел Меси со Аргентина ја посакува и светската титула/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерот на ПСЖ и капитен на аргентинската репрезентација Лионел Меси (35) најави дека Светското првенство во Катар во 2022 година ќе му биде последно.

Искусниот напаѓач јасно стави до знаење дека не планира да настапува за репрезентацијата на Мундијалот закажан за 2026 година.

– Следното Светско првенство ќе биде мое последно, тоа е сигурно. Донесов одлука – изјави Меси, кој по истекот на договорот со францускиот клуб би можел да се врати во Барселона на крајот од сезоната.

– Постои трема, едвај чекам да започне Светското првенство. Сите натпревари ќе бидат тешки, фаворитите не секогаш победуваат. Не знам дали сме голем кандидат за титулата, но Аргентина е секогаш меѓу претендентите поради својата историја. Сепак, ние не сме главен фаворит, има репрезентации над нас – вели Меси.

Аргентинецот има постигнато 90 гола на 164 натпревари за националната селекција, а забележа пет гола и седум асистенции во девет мечеви сезонава во француската „Лига 1“.

Минатата година со „гаучосите“ ја освои Копа Америка, а беше финалист на СП 2014. На претстојното СП 2022 ривали на Аргентинците ќе им бидат Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот