Meси: Во Барселона имаше луѓе кои не сакаа да се вратам

Лионел Меси вечерва во ексклузивен разговор „Мундо Депортиво“ потврди дека кариерата ја продолжува во Интер Мајами, но и објасни зошто не се вратил во Барселона.
Славниот Аргентинец си замина од ПСЖ после неуспешната двегодишна епизода, се најавуваше трансфер во Саудиска Арабија, но Меси сепак се одлучи за клубот на Дејвид Бекам.
„Донесов одлука да одам во Мајами. Се уште не е се договорено. Остануваат некои работи, но се одлучив на тој чекор. Идеката беше ако не се вратам во Барселона, да ја напуштам Европа и да се тргнам од рефлекторите на големите стадиони, за да се посветам на семејството“, изјави Меси.
Објасни Аргентинецот и зошто не се вратил во Каталонија.
„Слушнав дека Барселона сака да продава играчи и да намалува плати за да ме доведе. Не сакав да преземам одговорност за такво нешто. Затоа ја донесов оваа одлука. Не сакав некој да пати поради мене. Да, вистина е. Планирав да се вратам, бев возбуден, но о друга страна бев свесен како заминав и не сакав повторно да поминувам низ иста ситуаицја. Требаше да чекам да видам каков ќе биде исходот на целата ситуација и да чекам други да решаваат за мојата иднина“:
Ла Лига одобрила преговори за негово враќање, но се уште имало работи кои требало да се завршат.
„Знам дека Ла Лига дозволи преговори, меѓутоа имаше и други работи кои требаше да се завршат. Во текот на кариерата во Барселона ме обвинуваа за работи кои не се вистин, а и сега имаше луѓе во клубот кои не сакаа да се вратам. Се плашев дека ќе се повторуваат работите од пред две години“, објасни Аргентинецот.
Зборуваше Меси и за двете години во ПСЖ.
„Чувстата се помешани. Вистина е дека првата година беше тешка од различни причини. Втората година во првите шест месеци ми беше пријатно. Потоа дојде спектакуларното Светско првенство и мислев дека тоа ќе донесе и добар завршеток на сезоната, но не излезе како што очекував. Сега тоа е зад мене“, изјави Меси.