Меси веќе донел одлука за својата иднина

epa08592464 FC Barcelona's Lionel Messi in action during the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match between FC Barcelona and SCC Napoli in Barcelona, Catalonia, north eastern Spain, 08 August 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Шпанските и аргентиските медиуми тврдат дека ситуацијата со Лионел Меси е се појасна.

Аргентинецот на лето кога ќе стане слободен играч, нема да трча по парите и нов богат договор, туку поважен му е спортскиот проект и поради тоа не му е потребен неговиот татко и агент, Хорхе.
Наводно, Меси сам ќе разговара со претседателот Лапорта за да ги дознае намерите на Барселона за наредната сезона.
Тој сака доколку остане на „Камп Ноу“ да ја нападне титулата во Лигата на шампионите, но и во Ла Лига каде сака да му се приближи на рекордерот Хенто кој 12 пати бил шампион на Шпанија, Меси моментно има 10 титули во Ла Лига.
Лео нема трофеј во ЛШ од 2015 година и очекува од Лапорта да го убеди во новиот проект со кој Барселона повторно ќе се замеша во битката за трофејот.

Сепак, од Аргентина доаѓаат вести дека Меси веќе донел конечна одлука, тој ќе остане во Барселона.
Лапорта и новата управа одлучиле да не го продаваат Антоан Гризман и да му дадат последна шанса идната сезона, додека на трансфер листата ќе се најде Фелипе Кутињо.
Тешко е да се поверува во време кога долгот на Барселона изнедува повеќе од милијарда евра, Жоан Лапорта да успее да ги донесе Ерлинг Халанд и Давид Алаба, но далеку пореално е на „Камп Ноу“ да пристигне играчот на Јувентус, Матијс де Лихт. Јувентус исто така се наоѓа во големи финансиски проблеми и доколку одлучи да се ослободи од Де Лихт, тогаш Барселона која и во минатото беше заинтересирана за Холанѓанецот, да продаде неколку играчи и да го купи одличниот дефанзивец.
Медиумите исто така најавуваат дека Меси е подготвен да се откаже од дел од парите за да потпише нов договор, само доколку Лапорта во кого има голема доверба, му вети дека ќе создаде силен тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот