Меси вечерва пристигнува во Париз на медицински прегледи

Лионел Меси минатото лето си замина од Барселона/фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси денеска точно на пладне со емотивна прес-конференција се прости од Барселона, и веднаш почнаа шпекулациите за неговата иднина.

Меси не можеше  да ги сокрие солзите пред присутните во прес салата на „Камп Ноу“, каде помина 21 година од кариерата, поточно од неговата 13 година е член на Барселона.

На прес-конференцијата, Меси не нагласи дека следен клуб во кариерата ќе му биде ПСЖ, но веднаш по емотивниот настап на Аргентинецот, францускиот „Лекип“ објави дека челниците на „светците“ и Меси уште утринава ги договиле сите детали од договорот и се очекува фудбалерот во текот на денот да слета во главниот град на Франција на лекарски прегледи.

Иако беше најавено дека промоцијата на Лионел Меси треба да се одржи во вторник, „Лекип“ шпекулира дека таа ќе биде поместена и ќе биде во текот на утрешниот ден.

Лионел Меси требаше да потпише нов договор со Барселона, двете страни се договорија за нова петгодишна соработка, а фудбалерот дури се согласи платата да му биде намалена за дури 50 проценти.
Но, поради катастрофалната финансиска ситуација во која се наоѓа клубот и правилата на Ла Лига, Барселона не можеше да го регистрира Меси по што играчот стана слободен играч.

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот