Меси удри по тренерот: Кике Сетиен не знае како да триумфира во ЛШ

фото: твитер

Продолжуваат бранувањата во Барселона кои започнаа уште од самиот почеток на оваа година.

Каталонскиот клуб доби нов удар, овој пат од првата ѕвезда на екипата и човекот кој е во центарот на случувањата во Барселона, Лионел Меси, кој во интеревјуто за весникот „Спорт“ го нападна сопствениот тренер, Кике Сетиен.

Меси кој има четири триумфи во Лигата на шампионите не му верува на својот тренер дека е кадарен да го однесе тимот до европскиот врв.

– Сега како што играме, ние не можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Секој има право на свое мислење. Моето се темели на тоа што секоја година играм во Лигата на шампионите. Ми се чини дека Сетиен не се вклопува во приказната на Барселона и Лига на шампиони“, како некако погрешно да да ја разбрал – вели Меси.

Барселона до прекинот на фудбалската сезона во ЛШ го одигра првиот осминафинален натпревар на гостувањето кај Наполи, а натпреварот заврши без голови, додека реваншот ќе се одигра кога УЕФА ќе даде зелено светло за продолжување на сезоната.

Кике Сетиен на клупата на Барселона дојде на местото на Ернесто Валверде кој на почетокот од годината доби отказ.Под негово водство тимот не е убедлив, но Сетиен смета дека Барселона има се неопходно за да ја освои Лигата на шампионите, за разлика од Меси кој пак смета дека Барселона нема добар тренер.

– Никогаш не сум се сомневал во тимот. Немам сомнежи дека ние играчите можеме секого да победиме кога ќе продолжи сезоната, но… – вели Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот