Меси со три барања до Лапорта за останување во Барса!

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Лионел доставил три барања до претседателот на Барселона, повратникот Жоан Лапорта, да остане во Барселона, информира „Еуроспорт“.

Доколку се исполнат условите, тој ќе го продолжи договорот со Барселона, кој истекува на 30 јуни. Во спротивно, на 33-годишна возраст Аргентинецот ќе го напушта клубот во својот живот како слободен агент, без обештетување.

Меси сака Барселона да доведе уште една суперѕвезда во нападот, за да не биде сиот „притисок“ врз него. Лапорта знае за желбата на Меси и имал намера да ја исполни со ангажирање на неговиот пријател и сонародник Серхио Агуеро (кој ја игра последната сезона во Манчестер сити), но вчера Мино Раиола и таткото на Ерлинг Халанд беа на состанок со претседателот на Барса. Тоа не значи дека најдобриот млад напаѓач на светот доаѓа во Барселона. Имено, Раиола и таткото на Халанд се на една т.н. „турнеја“ на разговори со шпански и англиски великани, каде ги разгледуваат понудите за Норвежанецот.

Второто барање на Меси е новата игра во Барселона да се базира на млади играчи кои покажаа огромен потенцијал во последната година. Тие се Ансу Фати, Педри и Илајш Мориба.

Третото последно барање на Меси е да биде во постојан директен контакт со претседателот за да ги знае неговите планови и стратегија за водење на Барселона.

Ривалдо: Меси останува во Барселона

Воедно Меси изрази задоволство од односот со тренерот Роналд Куман и секретарот Роман Планес, кои покажуваат дека го почитуваат него и неговото мислење.

Аргентинецот одлично соработуваше со Лапорта во неговиот прв претседателски мандат (2003-10), кога Барса освои четири титули во Шпанија и две европски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот