Меси: Сега сум добро, но во текот на летото не ми беше лесно

epa08782034 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Ѕвездата на Барселона призна дека за време на летото се чувствувал лошо поради „војната“ со сега веќе поранешниот претседател на клубот, Хосеп Марија Бартомеу.

Аргентинецот во текот на летото побара да му биде дозволено да си замине од клубот без обесштетување, но Бартомеу не му го дозволи тоа и побара од заинтересираните екипи да го платат обесштетувањето од 700 милиони евра. Ниту еден клуб не може да си дозволи да ја плати таа сума по што Меси одлучи да остане на „Камп Ноу“ до крајот на договорот, односно до јуни 2021 година.

– Денеска се чувстувам добро. Вистина дека за време на летото не беше така. Причината за тоа беше начинот на кој се заврши сезоната. Но, денеска сум добро и возбуден сум поради предизвиците кои не очекуваат, подготвен сум да се борам. Знам дека клубот поминува низ тежок период, но јас сум добро расположен – вели Меси.

Меси во ремито на Барселона против Валенсија (2:2) постигна гол и го израмни рекордот на легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови за еден клуб. Голот на Меси беше 643. во дресот на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот