Меси се обрати до ФИФА и побара раскин на договорот со Барса!

Лионел Меси е моментно прва тема во фудбалскиот свет, најдобриот играч на Барселона поднесе официјално барање за раскинување на неговиот договор со клубот и се обрати до ФИФА да ја реши ситуацијата.

Аргентинецот има важечки договор со Барса со јуни 2021 година, но и неколку клаузули според кои може и порано да ја напушти екипата, на крајот на секоја сезона.

Италијанскиот трансфер „гуру“, Танкреди Палмери, јанува под знакот „итно“, дека Меси официјално се обрати до светската фудбалска куќа и побара предвремен раскин на договорот со Барселона.

Според најновите информации на Меси му е понуден двегодишен договор од страна на Манчестер сити, во кои се неговите пријатели Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро.

А токму „граѓаните“ се и главни фаворити за ангажирање на аргентинската ѕвезда, на оваа листа се уште многу врвни клубови како Интер, ПСЖ, Манчестер јунајтед…

Што се случуваше во ноќта во која Меси предизвика фудбалски земјотрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот