Меси сака да го „украде“ менаџерот на Алиоски!?

фото: твитер

Марсело Биелса успеа со Лидс да се пласира во Премиер лигата освојувајќи го првото место во Чемпионшип.

После 16 години клубот од „Иланд роуд“ е повторно во елитата каде што ќе игра и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Веднаш после завршувањето на сезоната започнаа шпекулациите околу тоа кои би биле нови засилувања на екипата за натпреварите во најсилното англиско првенство.

Во овој период главен приоритет на Лидс ќе биде да го задржи аргентинскиот менаџер и му понуди нов договор. Важечкиот договор му истекува оваа недела, а ваквиот момент сака да го искористи неговиот сонародник и моментно најдобар фудбалер на светот, Лионел Меси.

Според британските медиуми ѕвездата на Барселона ги советува челниците да го ангажираат Биелса како замена за досегашниот тренер Кике Сетиен.

Меси е во лоши односи со првиот човек на клубот, Бартомеу, а уште повеќе се влоши атмосферата меѓу играчите после неосвојувањето на трофејот во „Ла Лига“. Најверојатно единствена шанса за Сетиен да ја „спаси“ сезоната со трофеј во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот