Меси: Роберт, ти ја заслужи наградата, во 2020 требаше да бидеш победник!

Лионел Меси
Лионел Меси по освојувањето на „Златната топка“ им даде предлог на првите луѓе на „Франс Фудбал“ / Париз, Франција / 29 ноември 2021 / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Аргентинецот, кој во Париз ја освои рекордната седма „Златна топка“ во кариерата, има предлог за првите луѓе на „Франс Фудбал“ кои ја доделуваат наградата за најдобар фудбалер на светот.

Откако официјално Лионел Меси беше прогласен за играч на годината, многумина преку социјалните мрежи коментираат дека играчот на ПСЖ не ја заслужи наградата, туку Роберт Левандовски, кој претходно беше прогласен за најдобар напаѓач на светот.

Со тоа се согласува и самиот Меси кој во говорот по добивањето на новата „Златна топка“ им испрати порака на луѓето од францускиот магазин:

– Сакам да го споменам Роберт Левандовски, ми беше чест да се натпреварувам со него за оваа награда. Сите знаат и сите се согласуваме дека тој заслужи да биде победник за минатата година.

Мислам дека „Франс Фудбал“ треба да му ја даде Златната топка за 2020. Ти ја заслужуваш Роберт, и треба да ја имаш во својот дом – рече Меси.

Левандовски ја освои наградата за најдобар напаѓач на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот