Меси повторно ќе ја „нападне“ светската титула!

фото:твитер

Меси после шампионатот во Русија доби многу критики, па поради тоа соопшти дека ја завршува репрезентативната кариера, па се предомисли.

Оние кои тврдат дека Лионел Меси (33) не е најдобар фудбалер на сите времиња, како најважен аргумент го земаат фактот дека досега ниту еднаш не успеа со Аргентина да биде светски шампион.

Најважниот трофеј на репрезентативен план го имаат и Пеле и Марадона, додека Кристијано Роналдо го освои Европското првенство, а Меси својата последна шанса како играч ќе ја има на Мундијалот во Катар за две години.

Беше финалист во 2014 година во Јужна Африка, потоа следуваше две загубени финални натпревари на „Копа Америка“, додека минатиот настап на Аргентина на СП во Русија не помина најдобро.

Едвај ја поминаа групата, а во првата нокаут рунда „гаучосите“ беа елиминирани од француската репрезентација.

Меси после тој шампионат доби многу критики, па поради тоа соопшти дека ја завршува репрезентативната кариера, па се предомисли.

Меси во четвртокот на својот Инстаграм објави снимка во соработка со брендот „Адидас“, а на која се гледаат настапите во дресот на Аргентина и испрати важна порака:

Подготвен сум да го нападнам тој трофеј, повторно! – се зборовите на Меси.

Аргентинската ѕвезда на Барселона на СП во Катар, закажано за 2022 година, ќе има 35 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот