Меси откри каде ќе ја заврши кариерата и го „ПЕЦНА“ Реал! (ВИДЕО)

twitter.com/thesemilore

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси даде големо интервјуто за „RAC1“ кое предизвика доста големо внимание во фудбалската јавност.

Меси говореше околу тоа дека планира да ја заврши својата кариера во дресот на Барселона, и се надева дека ќе игра уште неколку години на големата сцена.

Исто така, Аргентинецот откри и кој натпревар му е најомилен и сигурно не му беше лесно да изберен кој во „морето“ одлични мечеви кои ги одигра во дресот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина.

Меѓутоа, Меси без многу дилеми рече дека најомилен натпревар беше оној кој го одиграл на „Сантјаго Бернабеу“ од 2011 година во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тогаш Барселона го совлада „кралскиот“ клуб со 2:0, а двата гола ги реализираше токму Меси. Посебно импресивен беше вториот гол кога Меси направи „слалом“ низ одбраната на Реал и го „матираше“ Касиљас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот