Меси: Никогаш не сум рекол дека сум најдобар во историјата, ниту пак сакам да бидам

Лионел Меси по седми пат ја доби „Златната топка“ за фудбалер на годината во избор на „Франс фудбал“/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Лионел Меси во понеделникот по седми пат во кариерата ја освои „Златната топка“ и по седми пат даде интервју за „Франс фудбал“, магазинот кој ја доделува оваа награда.

Меси во интервјуто зборуваше за многу теми, а на почетокот говореше за скромното потекло и семејните вредности.

– Доаѓам од работничко семејство, татко ми по цел ден работеше и живеевме скромно, но благодарение на Бог не ни недостасуваше ништо. Семејстово ме научи на респект и умереност. Кога како 13-годишно момче дојдов во Барселона, продолжив да ги негувам овие вредности.

Тој истакна дека по доаѓањето во славната академија на Барселона, Ла Масија, не размислувал за враќање во татковината иако апаптирањето на новата средина не помина лесно.
– Вистината е дека првата година ми беше тешка, но не размислував да се вратам. Како што поминуваше времето, станував се посигурен во моите соништа дека ќе станам професионален фудбалер – рече Меси, кој додаде дека по доаѓањето во ПСЖ ова лето, не сакал да ја земе десетката од Нејмар и се одлучи да настапува со бројот 30.

Аргентинецот истакна дека ривалството со Кристијано Роналдо му помогна да стане подобар фудбалер.
– Секогаш сакам да се натпреварувам со самиот себе притоа не гледајќи што прават другите. Со години играв во иста лига со Кристијано и мислам дека тоа беше фантастино и за двајцата бидејќи ни помогна да имаме вакви кариери какви што имаме. Сакам да бидам свој и да се подобрам без желба да се натпреварувам со другите.

За крај, Лео Меси порача дека никогаш не се сметал за најдобар фудбалер на сите времиња.
– Никогаш не сум рекол дека сум најдобар во историјата, ниту имам такви идеи. Ништо нема да се промени доколку некој смета или јас така мислам дека сум најдобар. За мене е повеќе од доволно тоа што ме сметаат за еден од најдобрите во историјата. Тоа нешто за што не сум сонувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот