Меси нема светска титула со Аргентина, а можеше да биде целосно поразлично!

epa06618473 Argentina's Lionel Messi (L) and team mate Sergio Aguero (R) attend a training session of the Argentinian national soccer team at City Football Academy in Manchester, Britain, 21 March 2018. Argentina play Italy in an international friendly match on 23 March at the Etihad Stadium in Manchester. EPA-EFE/PETER POWELL

Додека беше млад, на најдобриот играч на Барселона му се нудеше да настапува за репрезентацијата на Шпанија.

Може да се каже дека Лионел Меси освои сè што може да се освои на клупски план. Всушност, тој има апсолутно сè во своите витрини, освен еден многу вреден трофеј – оној од Светското првенство со репрезентацијата на Аргентина.

Следната година во Катар всушност можеби ќе биде последна шанса како играч конечно со „гаучосите“ да го освои трофејот на Мундијалот. Аргентинецот тогаш ќе наполни 34 години и тешко е да се поверува дека и четири години подоцна би можел да има сили да се бори повторно за пехарот на СП. Сепак, не мораше да биде така..

Бидејќи пристигна во Барселона многу рано, кога сè уште беше само дете, тој имаше право да игра за репрезентацијата на Шпанија, која исто така контактираше со него во тоа време.

– Практично им го „украдовме“ на Шпанците – изјави аргентинскиот тренер, Хозе Пекерман.

Иднината на Меси е во ПСЖ

Легендарниот стручњак додава дека долго време го следел напредокот на Меси и дека планот бил да го убеди да игра за Аргентина, без оглед на сè. Шпанците исто така ја следеа ситуацијата цело време.

– Гледавме видео снимки и прочитавме неколку извештаи за момчето од Росарио. Отидов во Шпанија да работам за Леганес и го видов како игра за младинските екипи на Барселона. Имаше закон на ФИФА кој оттогаш се промени, кој вели дека играч кој играл за младински тим на една земја не може да ја смени земјата за која ќе игра. Направивме план да игра за Аргентина, бидејќи и Шпанија го посакуваше. Беше планирано тој да игра за Шпанија – објасни Пекерман.

На крајот, одлуката беше во рацете на Меси. Неговите родители сметаа дека е најдобро за него да одлучи за кого ќе игра во националниот дрес. Се одлучи за јужноамериканската селекција за која до сега одигра 142 натпревари и постигна 71 гол. Но, за жал, недостасува она најважното – трофеите. Секако се одвојува освојувањето на златниот олимписки медал од Игрите во Пекинг 2008 и освојувањето на светската титула, но со селекцијата У20 во 2005 година.

И доколку се одлучеше за Шпанија, можеше сега да се пофали со титулата светски шампион од 2010 година. Но, сега е лесно е да се зборува..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот