Меси нема страв од пандемијата, спие на анти-корона душек

Додека луѓето низ целиот светот како превенција од коронавирусот користат заштитни маски, ракавици и други работи, ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се одлучи за нешто сосема поинакво.

Меси и неговата сопруга Антонела Рокуцо својот дом го опремија со анти-корона душеци кои се специјално креирани за да го неутрализираат вирусот.
Како што пишува „Ас“, фудбалерот на Барселона ги заменил сите душеци во својот дом откако дознал за овој изум.

Душекот го создала шпанска компанија која наведува дека материјалот од кој е изработен со 99.84 проценти ги неутрализира познатите вируси и бактерии. Сепак во спецификациите не се наведува кои вируси спаѓаат во тие 0.16 проценти кои не може да се неутрализираат.

Меси првиот душек го добил на подарок како дел од маркентинг кампањата, а кога увидел дека тој за само четири часа ги неутрализира сите вируси, решил да го опреми компениот дом со нив.

Душекот има и уште неколку подогности, имено тој поседува и неколку нивоа на вибрации и систем за топлотна масажа на стопалата.

View this post on Instagram

Feliz pascua ?❤️?

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo) on

За време на пандемијата на коронавирусот, Лионел Меси својата луксузна вила во која живее заедно со сопругата Антонела и синовите Тијаго, Чиро и Матео го претвори во карантин, а од шпанските власти доби дозвола да се забранат летови над неговата куќа.

Аргентинецот во 2009 година одлучи да се пресели во престижното предградие на Барселона Кастејдефелсо кое се наоѓа на околу 15 километри од „Камп Ноу“. Најевтините куќи во оваа населба се продаваат за околу 4.5 милиони евра, а Меси во својот дом вложи околу 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот