Меси не сака доживотен договор со Барса!

twitter.com/thesemilore

Лионел Меси не покажува никакви знаци дека во блиска иднина би можел да го напушти „Камп Ноу“, дури пред неколку дена истакна дека сè што сака во животот го има во Барселона и дека нема намера да се сели.

Но, и не сака да биде обврзан со договор до крајот на неговата професионална фудбалска кариера. Никогаш не се знае, можеби Аргентинецот има уште една опција.

Повторно се водат преговори меѓу претседателот на Барса, Хозеп Бартомеу и таткото на Меси, кој му е воедно и менаџер. Темата е нов договор, но Лео откри дека не сака да биде доживотен. Важечкиот договор му истекува на 30 јуни 2021 година.

https://twitter.com/AfropagesEn/status/1185452784734343168

– Точно е тоа дека Барселона ми понуди договор до крајот на кариерата, но им реков дека не сакам да завршам на таков начин. Сакам да продолжам да играм, да се борам за клупските цели. Можам и сакам да останам тука до крајот, но не сакам договор кој ќе ме обврзува – вели Меси за аргентинското радио „Метро“ 95.1.

Идејата на првите луѓе на каталонскиот клуб е со првата ѕвезда потпишат договор не само до крајот на неговата фудбалска кариера, туку и Меси да остане „бренд“ на Барса и после тоа. Се нуди договор на 10 години, па сега на потег е Лео.

Меси во дресот на Барса успеа да надмине бројни клупски европски и светски рекорди. Ова му е 16 сезона во првиот тим, постигна 604 голови на 692 натпревари. Освои 34 трофеи, од кои 10 титули првак на Шпанија и четири во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот