Меси не размислува за враќање во Барселона

Лионел Меси од минатата година настапува за ПСЖ/фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси нема намера да се враќа во Барселона откако ќе му истече договорот со ПСЖ со што ги урна надежите на претседателот Жоан Лапорта.

Меси цели 20 години помина во Барселона, но минатото лето се пресели во ПСЖ поради тешката финансиска ситуација во која се ноаѓа каталонскот тим.Но, Лапорта летово во неколку наврати изјави дека посакува Меси да се врати во Барселона и дека вратите од „Камп Ноу“ секогаш ќе бидат отворени за Аргентинецот кој заслужува да се пензионира како играч на тимот во кој помина 20 години.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува идната година, но весникот „Мундо Депортиво“ пренесува изјава од лице блиско до Меси кое порачува дека Аргентинецот не размислува за враќање во Барселона.

– Жоан Лапорта не нема контактирано, ниту пак ние сме го контактирале него и сите кои тврдат поинаку лажат – ја пренесува „Мундо Депортиво“ изјавата на човек близок до Меси.

Весникот пишува дека фокусот на Меси сезонава е настапот со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар, како и атакот на титулата во Лигата на шампионите со ПСЖ, а за својата иднина ќе размислува дури идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот