Меси не може да биде најдобар во историјата без титула со Аргентина

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на денешницата заедно со Кристијано Роналдо и фановите и експертите неколку години водат полемики дали Аргентинецот е најдобриот фудбалер во историјата. Поранешниот шпански тренер, Хозе Антонио Камачо смета дека Меси не смее да влезе во таква расправа се додека не освои титула со репрезентацијата.

– Меси и многу добар фудбалер но не можеш да бидеш најдобар на светот, а сигурно не најдобар во историјата доколку немаш трофеј со репрезентацијата. Постојат држави кои немаат толку богата фудбалска историја како Аргентина и на нив не им е важно дали некој освоил некаков трофеј. Но, ова е Аргентина која дала многу фантастични фудбалери како Диего Марадона, и без триумф на Светско првенство, Лионел Меси не може да биде најдобар во историјата – смета Камачо.

Меси најблиску до светската титула беше во 2014 година кога Аргентина загуби од Германија во финалето на Мундијалот во Бразил и тоа со голот на Марио Геце во продолженијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот