Меси: Не е вистина дека јас одлучувам кој ќе игра во Барселона – Слободен печат
СпортФудбал

Меси: Не е вистина дека јас одлучувам кој ќе игра во Барселона

Фудбалерот во интервју за „Марка“ отворено зборуваше за многу теми поврзани со него.

Лионел Меси реши да ја отвори душата и во големо интервју за најпознатиот спортски весник во Шпанија, „Марка“, зборуваше за сите теми поврзани со него. Тој се осврна на шпекулациите за неговата иднина во Барселона иако договорот му истекува во 2021 година, а тој неодамна одби да потпише нов десетгодишен договор.

– Клаузулите и парите не ми значат ништо, најважно ми е во клубот да има победнички проект. Моментно не разговараме за продолжување на соработката, а преговорите би ги водел татко ми. Тој досега ништо не ми кажал – вели Меси кој го прокоментира и лошиот старт на неговата екипа во новата. Барселона по три кола има само четири бодови.

– Засега слабиот старт и малиот број на освоени бодови не се загрижувачки иако не е пријатно кога на ваков начин ја започнувате сезоната. Имавме доста повредени фудбалери, и тоа не е нормално. Мораме да се подобриме веќе од наредниот натпревар – вели Аргентинецот.

Аргентинецот со нетрпение го очекува новиот триумф во Лигата на шампионите. За последен пат Меси и Барселона триумфираа во 2015 година.
– Помина долго време откако ја освоивме Лигата на шампионите и навистина би сакал да освојам уште неколку пехари. Но, не никако не би потпишал да победувам во Европа на штета на Ла лига. Поуките кои ги извлековме од минатата сезона се дека мора на секој натпревар да се постигнуваат голови.

Тој ги открива најголемите ривали во шпанската Ла Лига но и во ЛШ.
– Атлетико Мадрид има навистина добар, балансиран тим, а летово купија и добри играчи. Реал исто така направи голема работа со ангажманот на Еден Азар и тое се најголема закана за нас во Ла Лига но и во ЛШ. Јувентус и Манчестер сити ќе бидат најголема закана во Европа, сите се силни и не очекува навистина израмнета ЛШ – размислува Меси.

На крајот, Меси изјави дека не се меша во туѓата работа. На него му сметаат се почестите коментари дека тој го составува тимот на Барселона.
– Веќе се навикнав на вакви работи, луѓето зборуваат се и сешто. Тоа, нормално не е точно. Велат дека јас го составувам тимот, дека бирам кој играч ќе дојде на „Камп Ноу“, дека менувам и именувам тренери или дека тоа го прави татко ми. Јас ја знам реалноста, а таа е дека си ја знам мојата работа која е на теренот и не се мешам во другите работи – зборува Меси за „Марка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close