Меси не е меѓу тројцата кандидати за „Златната топка“!

фото: твитер

Според „goal.com” има 10 играчи кои се сериозни кандидати за освојување на „Златна топка” сезонава.

Оваа листа повремено се ажурира, па така моментно напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски кој и натаму е најголем фаворит, следуваат Кристијано Роналдо од Јувентус на второто место, додека трет е фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин.

Моментно најдобриот играч на светот според ФИФА, Лионел Меси кој во претходното рангирање беше на третата позиција, падна за едно место.

Топ 10 кандидати за „Златна топка” според „goal.com”:

1. Роберт Левандовски
2. (4) Кристијано Роналдо
3. (2) Кевин де Бруин
4. (3) Лионел Меси
5. (5) Томас Милер (Баерн)
6. (8) Карим Бензема (Реал Мадрид)
7. (6) Нејмар (ПСЖ)
8. (7) Ерлинг Холанд (Борусија)
9. (9) Килијан Мбапе (ПСЖ)
10. (10) Џејдон Санчо (Борусија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот