Меси не е машина како Роналдо и е свесен дека е на залез на кариерата

twitter/FC Barcelona

Поранешниот фудбалер на Барселона и на Арсенал, Емануел Пети, смета дека Аргентинецот нема тело за да успее во Премиер лигата.

Лионел Меси во изминатата недела беше во центарот на вниманието поради кавгата со спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, по што се појавија шпекулации дека на крајот од сезоната, Аргентинецот ќе си замине од „Камп Ноу“.

Како главен фаворит за негов нов клуб, медуимите го посочија Манчестер сити, но реално е да се очекува Меси да остане во Барселона, тимот во кој ја помина целата кариера.

Поранешниот фудбалер на Барселона, кој во Премиер лигата играше за Арсенал и за Челси, Емануел Пети, смета дека Меси нема да биде успешен со Англија бидејќи нема тело за да го издржи ритамот.

– Искрено мислам дека Меси не би можел да го поднесе интензитетот на игра во Англија. Меси не сака кога го чуваат по двајца фудбалери и постојано има „чувар“ до него. Во Шпанија е заштитен од тоа.

Мислам дека англиските навивачи ќе уживаат да го гледаат, но не знам зашто Манчестер сити на 32 или 33 години. Доколку сакаше Сити да го купи, тоа требаше да го стори многу порано – вели Пети кој го спореди
Аргентинецот со Кристијано Роналдо кој реномето на врвен фудбалер го изгради во Манчестер јунајтед.

– Меси не е Кристијано Роналдо. Физички, тој  не е машина како Роналдо, кој е вистински ѕвер, а со 32 години Меси има само уште 1-2 години на највисоко ниво. Дури и со соиграчи какви што ги има во Барселона, нема да може да го задржи квалитетот. Убеден сум дека и тоа знае дека му се ближи крајот на кариерата – вели Пети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот