Меси му собори еден, Роналдо му собори друг рекорд на Пеле

epa08917745 Juventus? Cristiano Ronaldo celebrates scoring his second goal during the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Udinese Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 03 January 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Португалецот во триумфот на Јувентус од 4:1 над Удинезе постигна два гола и успеа да надмине рекорд на Пеле.

Неодамна Лионел Меси го собори рекордот на легендарниот бразилски фудбалер по бројот на пстигнати голови за еден клуб, Аргентинецот дојде до бројката од 644 гола, а вчера Роналдо ги постигна 757. и 758. гол со што го надмина рекордот на Пеле според бројот на голови во официјалните натпревари.


Бразилскиот тим Сантос неодамна одби да го прифати надминувањето на рекордот на Пеле од страна на Меси бидејќи легендарниот фудбалер според нив постигнал 1.091 гол во кариерата но не му се смеета головите од пријателските натпревари и за очекување е да реагираат и по постигнувањето на Роналдо.

Кристијано Роналдо своите голови ги постигнуваше играјќи за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, додека Пеле од 1956. до 1974. година играше за Сантос, а потоа краток период помина и во Њујорк Космос.

Според официјалната статистика на листата на најдобри стрелци на сите времиња, пред Роналдо се наоѓа само едно име, тоа на легендарниот Јосеф Бикан. Поранешниот репрезентативец на Чехословачка и на Славија Прага на службените натпревари постигна 805 гола.

ВИДЕО: Јуве играше „покер“, немоќни Несторовски и Удинезе!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот