Меси му ја зеде титулата на Роналдо, Аргентинецот е највреден спортист за спонзорите

Специјализираниот интернет сајт „50mm“ направи список на 50 маркетиншки најисплатливи спортисти.

Порталот листата ја прави според посебна методологија, направен е систем на бодување во кој се вклучуваат одредени параметри како што се релевантност на спортистот, исплатливоста на рекламирањето со спортистот, повратните информации од потрошувачите…

За креирање на списокот беа користени резултатите на кампањите на социјалните мрежи, растот на бројот на следбеници на нивните профили, застапеноста во медиумите и за време на студијата која траела една година биле следени профилите на повеќе од 6.000 спортисти од 21 спорт.

Интересно е што на прво место на листата на највредни спортисти за спонзорите е Лионел Меси со „инфлуенсерски скор“ од 115 и го симна Кристијано Роналдо од врвот. Од друга страна, Кристијано Роналдо е личноста од светот на спортот и на шоу бизнисот со највеќе следбеници на Интаграм, но Меси се најде на врвот на листата поради други прараметри кои им се поважни на спонзорите.

Прочитајте и...  Роналдо во карантин го смени имиџот, нема да го препознаете со новата фризура (ВИДЕО)

На крајот на истражувањето Меси има скор од 115, Кристијано Роналдо има 113, Леброн Џејмс има 110, а на четвртото место се најде индискиот играч на крикет Вират Коли со коефициент 109.

Петта е канадската тенисерка Бјанка Андреску со 107, а листата на топ 10 највредни спортисти за спонзорите ја затвораат Нејмар (фудбал), Хабиб Нурмагомедов (ММА), Рохит Шарма (крикет), Мохамед Салах (фудбал) и Пауло Дибала (фудбал).

Поврзани вести

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

Слободен печат

Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Слободен печат

Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Слободен печат

Обложувалниците го предвидуваат новиот шампион во Лига Европа!

Слободен печат

Порто оптимист дека може да ги освои бодовите во Скопје!

Слободен печат

Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Слободен печат

Остави Коментар