Меси може само да го забавите, никако да го запрете – Слободен печат
СпортФудбал

Меси може само да го забавите, никако да го запрете

Меси не можете да го исклучите од натпреварот. Тој може да се забави, но никако да се запре, вели Тите.

Првиот полуфинален натпревар на Копа Америка ќе претставува вистинско уживање за навивачите бидејќи се среќаваат Бразил и Аргентина (02.30 часот).
Нивните натпревари отсекогаш нуделе нешто повеќе од фудбал, па се очекува и овој натпревар да не биде поинаков, а во центарот на вниманието се очекува да биде првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси.

– Меси не можете да го исклучите од натпреварот. Тој може да се забави, но никако да се запре. Сепак, се надеваме дека со голема помош на навивачите ќе успееме да ја оствариме целта, да се пласираме во финалето и потоа да славиме на Копа Америка – изјави селекторот на Бразил, Тите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close