Меси може да прифати понуда од дури 600 милиони долари по сезона?

Лионел Меси/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Лионел Меси сака да донесе одлука за продолжување на кариерата во наредните денови, а неговата блиска пријателка и позната новинарка Вероника Брунати денеска ги откри сите понуди за Аргентинецот.

Според нејзините информации, кои скоро сигурно важат и за најсигурни, Меси има официјални понуди од Ал Хилал и Интер Мајами и неофицијална од Барселона, на која сè уште чека.

– Медиумите во Саудиска Арабија тврдат дека Меси во следните 48 часа може да прифати понуда од дури 600 милиони долари по сезона или 1,2 милијарди за две години. Тоа е клуб кој има најмногу трофеи во таа земја, а Меси би бил и амбасадор на туризмот на Саудиска Арабија. Иако приоритет му е кариерата да ја заврши во Барселона, клубот сè уште чека одговор од „Ла Лига“ поради финансискиот „фер-плеј“ и затоа Меси сè уште не доби официјална понуда. Барса сепак верува дека на 6 јуни ќе добие позитивен одговор. Што се однесува до Интер Мајами, тие му нудат 10% од сумата што му ја нудат од Арабија – откри Брунати на својот Твитер.

Истовремено, бројни извори тврдат дека Меси во моментов е најблиску до Ал Хилал, освен доколку Барса во последен момент не направи пресврт и во итна постапка не се договори со „Ла Лига“. Сепак, денешната изјава на претседателот Хавиер Тебас не влева доверба.

– Враќањето на Меси? Тоа зависи од Барселона и тоа е прашање за луѓето во клубот – рече Тебас.

Конечниот одговор од „Ла Лига “се очекува во вторник, а воедно и дали Меси веднаш ќе ја прифати понудата од Барса или Ал Хилал…

ПСЖ се збогуваше со Меси: Задоволство беше да те гледаме две години во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот