Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека Лионел Меси мора да ја заврши кариерата во клубот во кој ја помина целата професионална кариера. Уште од минатото лето се шпекулира за можното заминување на Меси од Барселона, но во овој момент се чини дека Аргентинецот е најблиску до останување на „Камп Ноу“.

– Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона. Се надевам дека наскоро конечно ќе биде постигнат договор. Поточно, верувам дека ќе биде постигнат договор – изјави Куман.

Холанѓанецот на клупата на Барселона исто така ги најави дека управата на клубот работи на ангажирање на нови засилувања. Досега за Барселона потпишаа Серхио Агуеро и Ерик Гарсија кои дојдоа од Манчестер сити како слободни играчи како и дефанзивецот на Бетис, Емерсон Ројал кој дојде за девет милиони евра. Исто така, по завршување на Евро 2020, се очекува нов играч на каталонскиот тим да стане и Мемфис Депај.
– Работиме на тоа следната сезона да имаме конкурентен тим. Сигурен сум дека екипата ќе биде посилна во однос на минатата сезона – додава Куман.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот