Меси ме направи подобар фудбалер

EPA-EFE/ANDY RAIN

Кристијано Роналдо за португалската телевизија ТВ1 призна дека долгогодишното ривалство со ѕвездата на Барселона и на Аргентина, Лионел Меси го натера да стане подобар фудбалер. Токму нивното ривалство се смета за најголемото во историјата на фудбалот но и едно од најголемите во спортот воопшто.

– Навистина му се воодушевувам на кариерата на Меси, а тој самиот кажа дека имаше проблеми кога јас си заминав од Реал Мадрид бидејќи тоа беше ривалство кое го почитуваше. Ваквите ривалства се многу добри, но тоа меѓу Меси и мене не е единствено. Мајкл Џордан имаше големи ривали во кошарката, а тука е и ривалството помеѓу Аиртон Сена и Алан Прост во Формула 1. Она што е заедничко за сите тие ривалства е што се добри за спортот. Меси без сомнение ме направи подобар фудбалер, како што и јас него го направив подобар фудбалер – вели Роналдо.

Португалецот истакна дека професионално секогаш добро се согласувал со Меси, но во приватниот живот не се блиски пријатели и се надева дека во иднина тоа може да се промени.

– Никогаш заедно не сме биле на вечера ,но можеби тоа ќе го направиме во иднина, зашто да не? Немам никакви проблеми со тоа, тој е Аргентинец, исто како и мојата сопруга – порача Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот