Меси конечно се врати, тренира и Дембеле! (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Меси конечно се врати, тренира и Дембеле! (ФОТО)

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси се опорави од повредата и денеска им се врати на тренинзите со екипата, беше соопштено на сајтот на шпанскиот шампион.

Аргентинскиот репрезентативец ќе биде во конкуренција за дуелот од првото коло во Лигата на шампионите против Борусија, кој е на програмата во вторник од 21.00 часот во Дортмунд (Германија).

Освен Меси, тренерот на каталонскиот гигант Ернесто Валверде на располагање го има и францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Поради повреда Меси не одигра ниту еден натпревар оваа сезона, додека Дембеле кон средината на август го повреди коленото.

Барса како подготовка за во саботата славеше против Валенсија во рамките од најсилната шпанска фудбалска лига.

Секако добра вест од споменатиот меч беше влегувањето на талентираниот Фати (16) кога го споредуваат со ѕвездата на Барселона, Меси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close