Меси конечно проговори за својата иднина: Останувам во Барселона

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси денеска по прв пат се појави пред јавноста откако ја започна „војната“ против Барселона.

Аргентинецот денеска конечно се појави пред јавноста и објасни се, останува во Барселона и наредната година бидејќи не сака да оди по судови со клубот кој го сака.

– Му кажав на претседателот дека сакам да си одам бидејќи не сум среќен. Тоа го зборував цела година, посебно на претседателот. Верувам дека на клубот му се потребни млади играчи, нови имиња и мислев дека моето време во Барселона заврши и ми беше жал поради тоа бидејќи отсекогаш мислев дека тука ќе ја завршам кариерата – изјави Меси во екслузивното интервју за „goal.com“.

– Одлуката да си заминам не ја донесов по поразот од Баерн Минхен, тоа го решив многу порано. Претседателот ми рече дека можам да си одам доколку сакам, но не си го одржа зборот. Ќе останам во клубот само за да не влегувам во правен спор. Управата на Барселона на чело со Барселона е катастрофа – додава Меси во интервјуто кое е објавено нешто по 18. часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот