-6 C
Скопје

Меси ќе го игра последното „Ел Класико“ во Барселона!?

Барселона и Реал Мадрид утре (24. октомври) од 16.00 часот на „Камп Ноу“ ќе го играат првото супер дерби оваа сезона во „Ла Лига“. За најдобриот играч во каталонскиот гигант, Лионел Меси ова ќе биде вкупно 44 „Ел Класико“ по ред, можеби и последно на домашен терен во дресот на Каталонците.

Аргентинецот е во последната сезона од договорот со својот клуб, со чија управа не е во најдобри односи и после сите шпекулации кои се вртеа ова лето дека ќе си замине, на крајот остана само поради фактот никој не можеже да плати 700 милиони евра.

Толку изнесуваше отштетната клаузула минатото лето, но во наредното би можел да биде ангажиран без отштета.

Пике: Лео, издржи уште една година, ќе дојдат нови луѓе во Барса!

Единствено што им дава надеж на навивачите на оваа екипа дека би можел Меси да остане уште долго време е промената на управата, односно само доколку функцијата претседател на ФК Барселона ја напушти Жозеп Марија Бартомеу.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Неверојатно, Меси постигна скоро ист гол како Марадона!

Кога сме кај Меси, веќе 900 дена нема реализирано гол против „кралскиот“ клуб, до сега има 26 погодоци, а последниот го имаше на 6 мај 2018 година кога на „Камп Ноу“ му донесе предност на својот тим од 2:1.

Поврзани вести

ВИДЕО: Продолжува резултатската криза на Џенова и Пандев во Серија А!

Слободен печат

Го најавуваат како Марадона: Балотели има нов клуб!?

Слободен печат

Лидс и Алиоски го дознаа ривалот во ФА купот

Слободен печат

Момент за историја: Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди меч во ЛШ!

Слободен печат

Хрватите и Босанците ја остварија целта, Србија со важна победа кон ЕП

Слободен печат

Во Талин останаа четворица македонски кошаркари позитивни на ковид-19!

Слободен печат

Остави Коментар