Меси: Имаме импресивен тим, направивме уште еден чекор кон остварување на нашата цел

Лионел Меси, репрезентативецот на Аргентина на СП 2022/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Фудбалерите на Аргентина ја совладаа Австралија со 2:1 и со тоа се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во Катар каде за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Холандија.

Лионел Меси против „Кенгурите“ го одигра својот 1000 јубилеен меч во кариерата, а постигна и гол, прв во нокаут фазата на светските првенства. Тој беше задоволен на крајот од средбата.

– Можевме и порано да го завршиме натпреварот, тие дадоа гол по пеналот и почнаа да нè притискаат. Освен онаа ситуација кон крајот, кога нашиот голман одбрани, не паднавме многу – изјави Меси.

Тој призна дека не било лесно со Австралијците.

– Продолживме понатаму и тоа е најважно. Беше напорен ден, имавме многу малку време за одмор. Тоа беше физички многу напорен натпревар. Среќен сум што направивме уште еден чекор кон остварување на нашата цел – вели играчот на ПСЖ.

На Аргентинците сега им претстои дуел со Холандија, а победникот ќе оди во полуфиналето.

– Нашиот тим е импресивен. Кога рекоа да играме на секои три дена, рековме дека е лудост, но нашата желба беше да се најдеме на оваа позиција, бидејќи сите знаат какво е чувството да се игра на Светското првенство. Останавме обединети, сега ни претстои уште еден тежок натпревар, со Холандија – заврши Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот