Меси и Суарез се израмнија со рекордот на Роналдо

фото:твитер

Лионел Меси и Луис Суарез се израмнија со бразилскиот Роналдо по бројот на голови за јужноамериканска репрезентација во официјалните натпревари.

Аргентинецот и Уругваецот по 39 пати се запишуваа во листата на стрелците, како и легендарниот екс играч на Реал Мадрид, Интер, Барселона..

Во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022 година против Еквадор, Меси со гол од пенал во 13 минута им донесе минимален триумф на Аргентинците.

И неговиот добар пријател и сега веќе поранешен соиграч од Барселона, Суарез исто така реализираше од 11 метри во 39 минута од мечот против Чиле. Израмни Алекси Санчес на почетокот од второто полувреме, а победата на Уругвај ја донесе Макси Гомез во судиското надополнување (90+3`).

Меси и Суарез веќе во вторник ќе имаат шанса да го престигнат Роналдо. Аргентина гостува кај Боливија, а уругвајската селекција ќе ги одмери силите со Еквадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот