Меси и Роналдо во Топ 5 кандидати за освојување на „Златната топка“

Лионел Меси е на врвот, освојувач на шест „Златни топки“/Фото: EPA-EFE/Yoan Valat

„Франс Фудбал“ на 29 ноември ќе ја додели „Златната топка“, наградата за најдобар играч на светот во 2021 година.

Минатата седмица беше објавена листа од 30 кандидати, по што е скратува листата и остануваат оние фудбалери во најтесниот круг за освојување на престижното признание.

Угледниот француски медиум „Л`Екип“ денеска на својата насловна издвои пет играчи кои се најголеми кандидати.

Според изворот најголеми шанси да дојде до „Златната топка“ има играчот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој игра фантастично и годинава.

Неодамна ја освои Лигата на нации со француската репрезентација, а никој оваа сезона не постигнал повеќе голови (10) и запиша поголем број на асистенции (седум) од напаѓачот на „кралевите“.

Втор на листата е Лионел Меси кој беше победник на последното издание во 2019 година, Аргентинецот ја освои „Копа Америка“, со Барселона немаше најдобри резултати, иако се закити со трофејот во Кралскиот куп. Од оваа сезона ги брани боите на ПСЖ каде што и натаму ја бара својата игра.

Следуваат Роберт Левандовски кој е „несуден“ победник за 2020 година. Со Баерн освои три титули, а лани во Бундеслигата постигна 41 гол од 29 настапи што му овозможи да дојде до „Златната копачка“.

Четврти е Жоржињо, одличниот играч за врска од редовите на Челси ја освои Лигата на шампионите и европскиот Суперкуп, додека со Италијанците беше европски шампион. Веќе е прогласен за најдобар играч во изборот на УЕФА.

И на крајот Кристијано Роналдо на кој секогаш треба да се смета. Беше прв стрелец во Серија А и ЕП со пет постигнати голови. Од оваа сезона повторно игра за Манчестер јунајтед каде одлично започна со пет погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот