Меси и Рамос ќе играт во ист тим од идната сезона?

epa06715943 FC Barcelona's striker Lionel Messi (L) and Real Madrid's defender Sergio Ramos (R) react after the Spanish Primera Division soccer match between FC Barcelona and Real Madrid at Camp Nou in Barcelona, Spain, 06 May 2018. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

ЕСПН објави дека капитените на Барселона и Реал Мадрид од идната сезона може да играт во ист тим и тоа во Премиер лигата.

Манчестер сити идното лето ќе се обиде да го создаде најсилниот тим во историјата, а лидер на одбраната би бил актуелниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Граѓаните“ ја следат ситуацијата околу Рамос кој не ја прифати понудата на Реал за продолжување на договорот и доколку не дојде до договор во најскоро време за очекување и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола да се вклучи во трката за неговиот потпис.

Според ЕСПН, Гвардиола со задоволство би го ангажирал Серхио Рамос кој би бил предводник на одбраната.

Рамос ја одби првата понуда на „кралевите“ за нов договор на една плус една година за иста плата бидејќи смета дека заслужува двегодишен договор и подобри годишни примања.

Исти како и Рамос, така и Меси е во последните шест месеци од актуелниот договор со Барселона и се уште размислува за својот следен чекор. Меси во новогодинешното интервју најави дека одлуката ќе ја донесе по завршување на сезоната, бидејќи на сите им е јасно дека го чека исходот од претседателските избори во клубот кои се закажани за 24. јануари. Доколку победи поранешниот претседател Жоан Лапорта, шансите Меси да остане на „Камп Ноу“ се големи.

Тој сака да биде дел од тим кој ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите, а доколку не победи Лапорта, лесно може да се случи од лето да се пресели во Манчестер сити кај Пеп Гвардиола.
Богатите сопственици на „граѓаните“ нема да имаат проблем да ги покријат нивните високи плати и да создадат тим кој би бил еден од најсилните на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот