Меси и неговиот татко барале невозможни услови од Барселона
Во летото 2021 година, Аргентинецот Лионел Меси во солзи ја напушти Барселона, каде ја помина целата своја кариера. Тогаш тврдеше дека прави сè за да остане на „Камп Ноу“, дека е подготвен да се сретне со клубот кој е во тешка финансиска ситуација, но сето тоа беше една голема лага.
Имено, се појавија тајни документи кои откриваат дека Меси и неговиот татко Хорхе барале невозможни услови од каталонскиот клуб. Шпанскиот весник „Ел Мундо“ објави доверливи документи и мејлови разменети меѓу таткото на Меси и претставници на Барселона. Тие објавија список со нереалните барања на Аргентинецот да остане во клубот.
Побараа нов тригодишен договор со голем број надреални услови. Бонус од 10 милиони евра само за потпис и гаранција дека ќе му бидат исплатени сите пари од кои се откажува во корист на клубот во тешките денови со три отсто камата. Секако, не се спомнуваше за намалена плата, тој побара ист годишен приход од 75 милиони евра нето.
Дополнително, тој побара да му биде дозволено да го напушти клубот кога ќе посака, со симболична отштета од 10.000 евра. Така би била укината фамозната клаузула од 700 милиони за заминување.
¿Qué exigía Messi para renovar con el Barça en 2020?
Vía @elmundoes🤑 Bonus de 10M€ por firmar.
💶 Recuperar los recortes de la pandemia con intereses del 3%.
🚪 Dejar el club cuando quisiera con una cláusula simbólica de 10.000€. pic.twitter.com/ZZCGx4N1jD— BeSoccer (@besoccer_ES) September 21, 2022
Тоа не е сè, Аргентинецот бараше и приватна ложа на „Камп Ноу“ за семејството Меси, како и семејството на Луис Суарез, кој е негов најдобар пријател, како и приватен авион за неговото семејство да патува во Аргентина за време на празниците.
Преговорите за нов договор започнаа во 2020 година и се водеа доста долго. Една година пред истекот на договорот, Меси побара да го напушти клубот, но на крајот остана и чекаше да му истече договорот. Бидејќи не му се исполнија желбите, тој реши кариерата да ја продолжи во редовите на ПСЖ.
Објавен факсот со кој бараше да си замине од Барселона: Искрено ваш, Лионел Меси