Меси и Хамилтон ја „поделија“ наградата Лауреус

Лионел Меси и Луис Хамилтон ја поделија наградата за најдобар спортист на годината.

Наградата Лауреус за најдобри спортисти во 2019 година ја поделија шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон и фудбалерот на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси.

Откако е востановена наградата, од 1999 година, Лионел Меси е првиот фудбалер кој е прогласен за спортист на годината, додека Хамилтон е третиот Ф1 возач со вакво признание. Пред него, Михаел Шумахер два пати ја добиваше наградата, а Себастијан Фетел еднаш.

Наградата на Хамилтон му ја врачи поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, додека Меси не присуствуваше на церемонијата која се одржа во Берлин.


Најдобра спортистска на годината е американската гимнастичка и рекордерка по бројот на освоени златни медали на светските првенства, Симон Блајс.

За најдобар тим на годината е прогласена машката кошаркарска репрезентација на Шпанија.
Најмладиот шампион на Тур де Франс во изминатите 110 години, Еган Бернал ја доби наградата за најдобар подвиг на годината, додека Оксана Мастерс, освојувачката на пет златни и два сребрени медали во нордиско скијање и Светскиот куп е најдобра спортистка со инвалидитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот