Меси и Халанд од наредното лето во ист тим, но не во Барса!?

Французинот се враќа во редовите на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Како што информира Сем Ли, Манчестер сити ги започна преговорите со ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Составот на Пеп Гвардиола игра сезона од соништата. Моментно се на чекор од освојување на Премиер лигата, пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите и полуфиналето на ФА купот.

Во четвртфиналниот натпревар од ЛШ, „граѓаните“ ќе играат против Борусија Дортмунд, а фокусот ќе биде на норвешкиот фудбалер, Ерлинг Халанд. Тој не е среќен во Борусија, а Сем Ли, еден од најпознатите новинари за сето тоа што се случува во Манчестер сити, вели дека Алфи Халанд, таткото на Ерлинг, бил контактиран пред неколку недели.

Гвардиола истакна дека нема време да ги гледа настапите на Халанд, но можно е тоа да го направи во текот на репрезентативната пауза. Воедно Реал Мадрид се посочува како голема конкуренција на клубот од „Етихад“ за потписот на норвешкиот играч кој до сега сезонава постигна 33 голови, три повеќе од Кристијано Роналдо, а четири помалку од Меси.

Доколку, по истекот на договорот со Барселона, Лионел Меси одлучи да игра за Сити со Халанд и повторно соработува Аргентинецот со Гвардиола, нема сомнение дека овој премиерлигашки гигант ќе биде главен фаворит за освојување на сите титули и следната сезона.

Одлуката за својата иднина, Меси ќе ја донесе по крајот на сезоната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот