Меси и Фати за нов триумф на Барселона (ВИДЕО)

Прв клуб во кариерата на Лионел Меси беше Њуел`с Олд Бојс/Фото: EPA-EFE/Lavandeira jr

Каталонскиот клуб уште од првото полувреме играше со играч помалку но и тоа не им пречеше за да дојдат до убедлив триумф.

Барселона под водство на тренерот Роналд Куман е далеку поинаков тим од тоа што беше минатата сезона. Во новата сезона, со нов тренер, каталонците во два натпревари во Ла Лига имаат две победи, но што е поважно играат далеку подобро од ланската сезона.

Каталонците славеа со 0:3 на гостувањето кај Селта иако поголем дел од натпреварот го играа со играч помалку поради црвениот картон на Клемен Ленгле.

Тинејџерот Ансу Фати уште еднаш покажа дека е на добар пат да стане фудбалска суперѕвезда и во 11. минута му носи водство на својот тим.
Барселона во 51. минута поведе со 2:0 по мајсторијата на Лионел Меси кој нанижа неколку дефанзивци на Селта пред да го совлада голманот Нето. Точка на натпреварот стави Серхио Роберто во судиското продолжение.

Резултати:
Атлетик Билбао – Кадиз 0:1
Севиља – Леванте 0:1
Селта – Барселона 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот