Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо тврди дека Лионел Меси и Барселона се согласија да го раскинат договорот на Аргентинецот.
– Состанокот на Меси и управата е завршен. Тој не се согласува со проктот на Роналд Куман и одлучи да го напушти клубот – напуша добро информираниот Романо на својот Твитер профил.

Претходно известувач од телевизијата „TyC“ која прва ја објави веста, соопшти дека состанокот во клубот е завршен и дека некои членови на управниот одбор си дадоа составки, дури предложија и гласање за недоверба на Бартомеу.
И Романо предвидува дека можно е Манчестер сити да биде меѓу првите што ќе се обиде да контактира со Меси кога и официјално фудбалскиот свет ќе дознае дека навистина играчот не е повеќе член на каталонскиот клуб.
Клубот од „Етихад“ е еден од ретките моментно во светот кој може да му гарантира огромни плати на Аргентинецот.