Меси го помина Роналдо во бројот на постигнати голови

EPA/Alejandro Garcia

Екипата на Барселона вчеравечер со 5:1 го совлада Ваљадолид и тоа благодарение на Лионел Меси кој постигна два гола и имаше уште две асистенции.

Аргентинецот со двата гола успеа да го престигне Кристијано Роналдо по бројот на постигнати голови во клупската кариера. Меси дојде до бројката од 608 голови постигнати во дресот на Барселона, додека Роналдо за екипите во кои настапуваше досега, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус постигна 606 гола.


Интересно е што Меси до ова постигнување дојде со дури одиграни 119 натпревари помалку во однос на Роналдо. Што се однесува до вкупната статистика која го вклучува и настапите за репрезентацијата, Роналдо е во предност, тој има 701 постигнат гол на 976 натпревари, додека Меси има 676 голови на 831 одигран натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот