Меси ги закопа воените секири со Сетиен поради Лигата на шампионите

фото: твитер

Лионел Меси имаше рекордна сезона во Ла Лига, стана најдобар асистент,  но за жал нема други добри моменти по кои ќе ја памети сезоната 2019/20.

Реал Мадрид им ја презеде титулата во Ла Лига, а по отказот на Ернесто Валверде и доаѓањето на Кике Сетиен за нов тренер, се распадна и играта на каталонците. Последна шанса да се спаси сезоната е Лигата на шампионите.

Според шпанските медиуми, Меси по натпреварот со Алавес кој им беше последен во ЛШ ги собрал сите спротивтавени страни во клубот, фудбалерите, тренерот но и управата на чело со претседателот Хосеп Мариа Бертомеу и директорот Ерик Абидал и им наредил да се закопаат воените секири и сите да се сконцентрираат на Лигата на шампионите.

Меси ги стави на страна несогласувањата со Сетиен, но и со директорот Абидал, а притоа на Сетиен му го претставил планот: да се освои трофејот во ЛШ или тренерот нема потреба да се враќа во Барселона.
Ѕвездата на Барселона не сакаше да го потврди состанокот, но за медиумите ја прокоментира сезоната.

– Сезоната не заврши како што очекувавме. Бевме слаби, и екипа со малку поголем интузијазам и волја можеше да не победи. Расфрлавме бодови каде ќе стигневме и игравме лоши, неубедливо и со многу падови. Мораме да бидеме самокритични, прво ние играчите, а потоа и сите други во клубот. Ние сме Барселона и мораме секого да победиме – изјави Меси.

Барселона во продолжението од Лигата на шампионите ја очекува реванш осминафиналниот натпревар против Наполи (1:1) на „Камп Ноу“, а доколку ги елиминира италијанците ќе игра во завршницата која ќе се одржи во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот