Меси: Дуелите со Кристијано се посебни, се надевам дека ќе се опорави до среда!

Барселона и Јувентус следната среда ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите.

Требаше да биде првиот натпревар помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо откако Португалецот го напушти Реал Мадрид во 2018 година и меч кој дури и неутралните гледачи со нетрпение го очекуваат. Роналдо според најавите нема да настапи, бидејќи и натаму е позитивен на коронавирус, иако тој не чувствува никакви симптоми, но постои опција УЕФА да му дозволи да игра против каталонскиот гигант.

Во пресрет на саботното „Ел Класико“, Лионел Меси во интервјуто за телевизијата „ДАЗН“ го коментираше и наредниот дуел во Лигата на шампионите против Јуве.

Ништо од пресметката меѓу Меси и Роналдо, Португалецот сè уште е позитивен на корона

– Дуелите со Роналдо отсекогаш биле и секогаш ќе бидат посебни и ќе траат вечно. Да се ​​игра на такво ниво на кое играме сите овие години не е лесно. Игравме во големи клубови каде очекувањата се огромни и секогаш ќе ги паметам дуелите со него – рече Меси.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Наејмотивната приказна: За да спаси живот на дете, Марадона играше фудбал во кал

За Меси овие средби беа вистински пресметки на индивидуално ниво и дека уживаа навивачите на Реал и Барселона, како и неутралните гледачи.

– Тоа беше вистинско шоу и се надевам дека ќе им понудиме уште такви такви емоции. Му посакувам на Кристијано брзо закрепнување и би бил многу среќен доколку биде подготвен за среда и нашиот натпревар во Торино – додаде Аргентинецот.

Поврзани вести

Лига на Европа: Наполи победи и за Диего (ВИДЕО)

Слободен печат

Барселона без милост кон Кил, Митревски и Порто минимално С

Слободен печат

ВИДЕО: Џејмс со луда тројки го сруши Реал, пораз на Црвена звезда во Евролигата

Слободен печат

ВИДЕО: Солзи на „Сан Паоло“, сите фудбалери на Наполи излегоа дресови со бројот 10

Слободен печат

Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса…

Слободен печат

Лига на Европа: Адеми со Динамо и Црвена звезда пред пласман во нокаут фазата 

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian