Меси доби четвртфинале за роденден (ВИДЕО)

Меси може полесно да „дише“ после лошиот старт на „гаучосите“ кои успеаја со триумфот над Катар со 2:0 да се најдат во Топ 8 на јужноамериканското првенство.

Аргентинците дојдоа до важната победа благодарение на погодоците на Лаутаро Мартинез и Кун Агуеро.

За пласман во полуфиналните борби ќе играат против селекцијата на Венецуела.

На табелата во групата Колумбија го освои првото место со девет максимални бодови, четири Аргентина, трет Парагвај со два, а последен Катар (еден).

Се чека и крајниот епилог и во групата Ц, таму пред одигрувањето на последното коло Чиле има шест бодови, Уругвај четири, Јапонија еден, а Еквадор ниту еден.

Како четвртфиналисти веќе се промовирани селекциите Бразил, Колумбија и Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот