Меси: Барселона не беше фер кон Куман

Меси и Куман минатата сезона соработуваа во Барселона/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Роналд Куман на почетокот од ноември доби отказ од Барселона по лошиот старт на сезоната, а тој потег на каталонскиот тим не му се допадна на Лионел Меси.

Меси и Куман минатата сезона соработуваа заедно во Барселона и го освоија кралскиот куп, но изминатото лето поради катастрофалната полиција, Лионел Меси си замина од „Камп Ноу“бидејќи неговиот нов договор не можеше да биде регистриран во Ла Лига. Но, Меси кој сега игра за ПСЖ, нема лошо мислење за Куман.

– Секогаш работите не завршуваат фер за тренерите. Исходот не беше фер за Куман, за Валверде… Кога ќе дојдат лошите резултати, најлесно е да се впери прстот во тренерот и да се замени,  а притоа не се обвинуваат играчите. Куман во Барселона дојде во многу тежок период за клубот бидејќи многу играчи си заминаа од Барса. Сепак, успеа да „открие“ мнигу млади фудбалери. Најлесно е да се обвини тренерот за сè, но од друга страна и самите тренери тоа го знаат  – изјави Меси за „Мундо Депортиво“.

На местото на Куман, Барселона на клупата го донесе поранешниот капитен кој играше заедно со Лионел Меси, Чави Ернандез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот