Месецов сте се „скршиле“ од читање книги, еве го доказот (ФОТО)
Ја отворивме уличната библиотека лоцирана на најфреквентната локација (од трите), во Градски парк, и заклучивме дека сте се „скршиле“ од читање.
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Не дека е угол празна, ама нам ни изгледа дека сè што ви се маткало по дома, наместо да собира кај вас прашина, сте го донеле тука.
Ај да се потсетиме како ваквите библиотеки изгледаат низ светот.
Инаку, прокетот со уличните библиотеки на три локации во Скопје, а во реализација на Град Скопје и ЈУ Детски културен центар „Карпош“, е „стар“ од средината на минатиот месец.