Месечен хороскоп за август: Понова, поавтентична верзија на нас самите

Фото Профимедиа

Во август нашите животи се менуваат со цел да се направи простор за понова, поавтентична верзија на нас самите. Очекувајте изненадувања и неверојатни пресврти на настаните, особено околу новата месечина на 8 август.

Овен

Август е добро заокружен месец за вас. Ви одговара огнената сезона на Лав, бидејќи секогаш доаѓа со летните, забавни и разиграни вибрации што ви се допаѓаат. Вашиот владетел Марс ќе го помине целиот месец во практичната Девица и со тоа сте повикани да се фокусирате на работата и да создадете рутини што го одржуваат вашиот живот. Венера влегува во вашиот партнерски сектор на 16 август, што ќе ви ги донесе најдобрите денови во годината и ќе ја подигне деловната или романтичната врска на повисоко ниво.

Бик

За Бикот август ќе донесе неколку предизвици. Непријатната положба што планетите ќе ја формираат на небото, најверојатно ќе го доведе до расплет судирот што го доживувате помеѓу вашата кариера, романтичниот и домашниот живот. Свесноста ќе биде клучна додека се соочувате со изненадувања овој месец. Откако вашиот владетел Венера ќе влезе во Вага, ќе влезете во елемент. Ќе имате можност да се поврзете со вашата внатрешна магија.

Близнаци

Јули беше сентиментален месец за вас, Близнаци, но во август, вие сте подготвени да живеете! Вашиот планетарен владетел, Меркур поминува време во огнениот знак Лав во првиот дел од месецот и со тоа вие знаете што сакате – и тоа го сакате сега! Кога Меркур ќе влезе во Девица на 11-ти август, вашата способност да манифестирате достигнува највисоко ниво. Не пропуштајте да го искористите ова време за да бидете кристално јасни за вашата стратегија за иднината. 10-ти и 20-ти август се среќни денови за вас.

Рак

Вашата сезона заврши, но сè уште има благослови што ве чекаат. Во сезоната на Лав фокусирајте се на парите, ресурсите и начините на кои ги манифестирате сите работи што ви го прават вашиот живот исполнет и богат. За време на младата месечина на 8-ми август во Лав, поврзете се со вашата интуиција.

Лав

Вашата сезона е најдоброто време од годината за да се фокусирате на себе и да се прашате дали вашиот сегашен фокус е навистина усогласен со личноста која сакате да станете. Овој месец, младата месечина ќе ви помогне да одговорите на ова прашање. Околу 22-ри август ќе бидете повеќе од подготвени да се збогувате со што ѝ да ве спречува да продолжите со животот – веќе знаете на кого или на што се однесува ова.

Девица

Во средината на летото вибрациите околу вас се забавни и друштвени, но за вас, сезоната на Лав има повеќе интроспективна атмосфера. Областа што владее со вашата потсвест се активира овој месец и вие сте „во тек“ кога си дозволувате повеќе време за одмор од вообичаеното. Венера е во вашиот знак во текот на првиот дел од месецот, навестувајќи ја потребата да се фокусирате повеќе на романтични состаноци, релаксација и грижа за себе. Кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак на 22 август, ќе биде време за повторно пронаоѓање.

Вага

Сезоната на Рак беше интензивна за вас, но сезоната на Лав ви носи кул вибрации. Овој период ќе ви биде за градење на заедница и вмрежување. Венера, вашиот планетарен владетел, влегува во вашиот знак на 16 август и со овој транзит треба да уживате во животот, може ѝ да привлечете љубов и да го запознаете вашиот внатрешен уметник. Ако размислувавте да ја пренесете врската или партнерството на следното ниво, 23-ти август е најдобар датум да го потпишете договорот бидејќи Венера во вашиот знак се поврзува со Сатурн, богот на времето.

Скорпија

Вие во сезоната на Лав ќе бидете фокусирани на вашата кариера. Имавте исцрпувачка година до сега и планетарните аспекти овој месец ја нагласуваат целата промена што се случува и која допрва треба да се случи во вашиот живот оваа година. Онолку колку што можете, обидете се да ја балансирате работата со времето во мирување, особено околу новата месечина на 8-ми август. А за добрата вест, овој месец сината месечина ќе донесе награди за вашата напорна работа, затоа не заборавајте да прославите.

Стрелец

Вам ви годи сезоната на Лав социјално, но во август мора да фокусирате дел од вашето време и енергија на проектите или целите во кариерата. Кога Марс е позициониран во Девица има совршена атмосфера за да напредувате. Два датуми на кои треба да обрнете внимание се 18-ти август и 22-ри август, кога Марс ќе се усогласи со Меркур и Уран за да ви донесе големи откритија, па дури и пријатни изненадувања.

Јарец

Во август, ќе наидувате на пречки во остварување своите цели, па дури и во завршување на некоја работа. И иако не се криете од предизвик, искористете ја оваа можност да забавите и да размислите. Сега е време кога навистина треба да погледнете под површината. Откако Сонцето ќе влезе во Девица, ќе почнете да се чувствувате поудобно. А, кога ќе пристигне ретката сина месечина овој месец, очекувајте неколку изненадувања во кариерата и во финансискиот сектор.

Водолија

Август е совршено време за да си ги проверите вашите цели, надежи и најдлабоки соништа. За ваша среќа, внатрешната (и надворешната) напнатост што сега ја чувствувате служи како гориво за да ја искористите оваа година како шанса да се откриете себеси. Користете го магичниот транзит на Венера во знакот на Вага, за да го проширите хоризонтот и да размислите големо за својата иднина. Кога сината месечина во вашиот знак ќе се издигне на небото, ве очекува супер слатко изненадување, затоа уживајте!

Риби

Кратката посета на Јупитер во вашиот знак ви донесе добрини, но, со Јупитер сега во Водолија вашиот планетарен владетел испраќа јасна порака: Ве повикува да се разбудите и да го употребите вашиот внатрешен стратег! Многу ве очекува, но во преостанатиот дел од годината, космосот ве замолува да усвоите повеќе аналитички пристап кон вашиот живот за да се подготвите за она што следи!

Извор: „myimperfectlife“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот