Меса: Моралес не треба да биде претседателски кандидат

Фото: EPA-EFE/Javier Mamani

Кандидатот на боливиската опозиција Карлос Меса изјави денеска дека актуелниот претседател Ево Моралес не треба да биде кандидат на новите избори за шеф на државата.

Моралес, претходно денеска изјави дека ќе распише нови претседателски избори бидејќи Организацијата на американските држави (ОАД) објави извештај во кој се наведува оти резултатите од претходните избори, на кои тој е реизбран за четврти мандат, треба да се поништат поради нерегуларности.

Победата на Моралес на минатомесечните избори покрена протести низ целата земја.

Моралес, кој дојде на власт во 2006 година, ја бранеше својата победа на изборите, но истакна дека ќе ги прифати заклучоците на ОАД.

– Манипулацијата со компјутерскиот систем беше од голем обем и боливиската држава тоа мора детално да го истражи за да се утврди кој е одговорен. Првиот круг од изборите одржани на 20 октомври треба да биде поништен и изборите да се повторат, нагласи ОАД, додавајќи дека гласањето треба да се одржи штом ќе се создадат услови кои ќе гарантираат непречено одвивање, што подразбира и нов состав на изборно тело.

Статистички, според оценката на ОАД, малку е веројатно дека Моралес обезбедил победа во првиот круг.

Моралес синоќа повика на итни преговори со опозицијата поради повеќенеделните немири кои ја зафатија земјата, барајќи дури и од папата Франциско да се вклучи во разговорите.

Во протестите досега се убиени тројца луѓе, а повеќе од 300 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот