Меса: Моралес не треба да биде претседателски кандидат

Кандидатот на боливиската опозиција Карлос Меса изјави денеска дека актуелниот претседател Ево Моралес не треба да биде кандидат на новите избори за шеф на државата.

Моралес, претходно денеска изјави дека ќе распише нови претседателски избори бидејќи Организацијата на американските држави (ОАД) објави извештај во кој се наведува оти резултатите од претходните избори, на кои тој е реизбран за четврти мандат, треба да се поништат поради нерегуларности.

Победата на Моралес на минатомесечните избори покрена протести низ целата земја.

Моралес, кој дојде на власт во 2006 година, ја бранеше својата победа на изборите, но истакна дека ќе ги прифати заклучоците на ОАД.

– Манипулацијата со компјутерскиот систем беше од голем обем и боливиската држава тоа мора детално да го истражи за да се утврди кој е одговорен. Првиот круг од изборите одржани на 20 октомври треба да биде поништен и изборите да се повторат, нагласи ОАД, додавајќи дека гласањето треба да се одржи штом ќе се создадат услови кои ќе гарантираат непречено одвивање, што подразбира и нов состав на изборно тело.

Прочитајте и...  Границите на БиХ отворени за земјите од ЕУ, услов негативен тест

Статистички, според оценката на ОАД, малку е веројатно дека Моралес обезбедил победа во првиот круг.

Моралес синоќа повика на итни преговори со опозицијата поради повеќенеделните немири кои ја зафатија земјата, барајќи дури и од папата Франциско да се вклучи во разговорите.

Во протестите досега се убиени тројца луѓе, а повеќе од 300 се повредени.

Прочитај повеќе

Борисов: Радев е сценарист на сè, затоа тој знае и повеќе од мене

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ДИК

Слободен печат

Британски научник: Постои веројатност коронавирусот да се повторува и во следните години

Слободен печат

Чиолошо: Новата влада треба да се насочи кон силен и инклузивен реформски консензус и кон меѓуетничка соработка

Слободен печат

За една недела казнети 69 непрописно паркирани возила

Слободен печат

Државата го игнорира проблемот со најмладите преносители: Репродуктивниот број на заразени лица повторно е над единица

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат

Комуналците чистат, граѓаните пак создаваат дива депонија

Силен напад или лоша заштита ја „турна“ страницата на ДИК

Слободен печат

Мала победа на СДСМ, голем предизвик за формирање влада

За 24 часа има 60 новозаразени со коронавирус во Црна Гора

Слободен печат

Јавната седница на ДИК презакажана за 19.30 часот

Слободен печат