Меркур влезе во Рак: Сите емоции ќе испливат на површина!

дневен хороскоп

По престојот во Близнаци, Меркур влезе во знакот Рак, а Марс се пресели од Овен во Бик. Со влегувањето на Меркур во овој знак, емоциите ќе испливаат на површина, без разлика дали се позитивни или негативни.

Марс во Бик: Прекрасен период за планирање и реализацијата на вашите идни цели

Меркур и Марс во исто време го сменија знакот под поволен секстилен меѓусебен аспект. Овој аспект носи пријатна комуникација, активен и брз ум, реализација на планови, амбиции, претприемачки дух, одличен е за деловни договори и секаков вид договори и преговори.

До вчера лошата комуникација со одредени луѓе, постепено ќе се подобрува и ќе има помалку агресивност, расправии и војување.

Четири „опасни“ датуми во јули за сите хороскопски знаци: Не започнувајте ништо ново на овој ден

Меркур во Рак значи дека ќе се фокусира односите да бидат обвиени во љубов и емоции. Овде спаѓаат и семејни дружења, летни одмори и разговори со најблиските. Сеќавања на некои стари времиња и решавање на семејни проблеми. Можеби ќе дознаете за некој семеен настан или тајна. Меркур во Рак на сите хороскопски знаци ќе им донесе доза на носталгија, но и желба за простување.

Голем месечен хороскоп за јули: Одличен период за Раковите, Овните ќе мора да внимаваат на финансиите

Раковите, колку и да се меки, нежни и чувствителни, се исто толку страсни и директни, бидејќи Ракот е кардинална вода. Сега е време да ги изразите вашите чувства, да кажете некому дека го сакате. Со влегувањето на Меркур во овој знак, говорот станува полн со страст, па се може да се каже. Емоциите и копнежот ќе испливаат на површина, без разлика дали се позитивни или негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот